Компанијата на Илон Маск обвинета за вршење експерименти на мајмуни: Наскоро тестирање на луѓе!

илон маск
Илон Маск / Фото: EPA-EFE/Јујтуб/Pexels

Компанијата на Илон МаскНеуралинк“ која развива уред кој би го поврзал нашиот мозок со компјутер, ги отфрли тврдењата за суровост кон животните.

Жалбата поднесена минатата недела до американското Министерство за земјоделство за наводно сурово постапување со мајмуни кои биле користени за тестирање на технологијата.

Од „Неуралинк“ велат дека работат со животните на „најхуман и најетички можен начин“. Компанијата се надева дека ќе започне со тестирање на уредот на луѓе во текот на оваа година.

Како одговор на неодамнешните критики компанијата ја потенцираше својата посветеност и грижа за благосостојбата на животните.

„Нашата мисија е да дизајнираме програма за грижа за животните со приоритет на потребите на животните, наместо типична стратегија само за погодност на луѓето… Употребата на секое животно беше опширно планирана со цел да се балансира научното откритие со етичката употреба на животните“, се вели во извештајот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zaraphone (@zaraphone_official)

„Напади и трауми“

На почетокот на истражувањето, „Неуралинк“ соработуваше со Националниот центар за истражување на примати „Дејвис“ – дел од Универзитетот во Калифорнија – но во 2020 година изгради свои простории за сместување на мајмуните, со наведена намера да ги „подобри“ сегашните стандарди.

Жалбата беше поднесена минатата недела од страна на лекарскиот комитет за одговорна медицина против „Дејвис“, а се однесуваше на „инвазивни и смртоносни експерименти спроведени на 23 мајмуни“.

„На повеќето животни им беа отстранети делови од черепот за да им се вградат електроди во мозокот“, стоеше во жалбата.

Исто така, се наведува дека мајмуните користени во експериментот биле затворени сами во кафез, претрпеле „трауми“ и имале напади и инфекции локално на местото каде бил вграден имплантот. Се тврди дека некои од нив биле еутанизирани пред да бидат искористени во експерименти. Комитетот бара правна постапка за да ја принуди компанијата да објави видеа
и фотографии од мајмуните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CEO Today Magazine (@ceo.today)

„Хируршка компликација“

„Неуралинк“ призна дека две животни биле убиени „на планираните крајни датуми за да се соберат важни хистолошки податоци“. Уште шест мајмуни биле еутанизирани по лекарски совет на ветеринарен тим.

„Овие причини вклучуваат една хируршка компликација која вклучува употреба на производ одобрен од „FDA“, „BioGlue“, еден дефект на уред и четири сомнителни инфекции поврзани со уредот“, се вели во извештајот.

Компанијата „Неуралинк“ е основана во 2016 година и е приватно финансирана од Маск. Уредот на кој работи компанијата се состои од мала сонда составена од илјадници електроди прикачени на флексибилни нишки – потенки од човечко влакно – што можат да ја следат активностите на невроните.

Какви се плановите на Илон Маск и дали замислува иднината на „натчовечкото спознание“, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот