Колку време во просек им треба на мажот и жената да си кажат „те сакам“?

Фото: Пекселс/streetwindy

Една од најголемите пресвртници во секоја нова врска е кога со вашиот партнер за првпат ќе си кажете „те сакам“.

Истражувањата покажаа колку време во просек им е потребно на луѓето да ја признаат својата љубов.

Студијата, која беше објавена во списанието за социјални и лични односи „Journal of Social and Personal Relationship“, опфати 3.109 возрасни лица од Австралија, Бразил, Чиле, Колумбија, Франција, Полска и Велика Британија.

Меѓу другото, беше наведено дека мажот е поверојатно прв да ѝ каже на партнерката дека ја сака. На мажите им требаат просечно 107 дена за да ја признаат својата љубов, а жените го прават овој чекор во просек по 122 дена.

Во резултатите од споменатото истражување пишува и дека мажите почнуваат да размислуваат за љубов по 69 дена врска. Жените почнуваат да размислуваат за неа по 77 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот