Колинда ја отстрани, дали Милановиќ ќе ја врати бистата на Тито кабинетот на хрватскиот претседател?

Фото: Профимедиа/Илустрација

Актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на почетокот на мандатот ја отстрани оваа биста.

По изборот на Зоран Милановиќ за претседател на Хрватска, едно од прашањата кои се поставува е дали со вселувањето во претседателската палата на Пантовчак ќе ја врати и бистата на Јосип Броз Тито, пишуваат балканските медиуми.

Актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на почетокот на мандатот ја отстрани оваа биста.

Според пишувањата на загрепскиот „Јутарњи лист“, од штабот на Милановиќ засега немаат одговор на ова прашање, а Јошко Клисовиќ од тој штаб вели дека лично смета оти новиот претседател треба да ја врати бистата.

– Бистата на Тито треба да се врати на Пантовчак, и тоа поради контекстот во кој таму ја постави првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, а тоа е контекстот на единство на хрватскиот народ и заслугата кон Тито како водач на антифашистичкото движење за Хрватска да биде на страната на победниците во Втората светска војна, и тоа во сегашните граници кои ги вклучува Далмација, Истра и Барања – рече Клисовиќ.

Затоа, тој смета дека бистата на Тито треба да се врати во кабинетот на претседателот на Хрватска и на тој начин да се потврди допринесот во специфичните историски околности за опстанок на Хрватска и напредокот на хрватскиот народ.

– Ниту еден досегашен претседател на Хрватска не го оспори тоа што Туѓман поставуваше бисти на заслужни Хрвати, освен Колинда Грабар-Китаровиќ, а тоа сега треба да се поправи – констатира Клисовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот