Кокшаров: Тоа е реалноста, во февруари сакам да бидеме комплетни!

Во последниот натпревар за годинава во Лигата на шампионите, Вардар беше поразен повторно убедливо на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје од Веспрем со 29:38.

Следува пауза во ЛШ поради репрезентативните обврски и настапите на ЕП 2020, а до следниот дуел во елитното европско клупско натпреварување, можно е во поинаков состав да продолжат „црвено-црните“ пред новите предизвици.

Тренер на Вардар, Едуард Кокшаров:

-За жал, тоа е реалноста, поради ситуацијата со повредените играчи. Преостанува да се фокусираме на вториит дел од сезоната, посакуваме во февруари да бидеме спремни, комплетни за натамошните предизвици.

Ракометарот и голман на Вардар, Васил Гогов:

– Веспрем од почетокот на мечот ја направија разликата. Дадовме се од себе да се вратиме, заслужено подобри беа ривалите. Се надевам дека со враќањето на повредените играчи, ќе бидеме подобри.

Следниот меч Вардарци ќе го имаат на 5. февруари 2020 година во Германија против водечкиот во групата „Б“, Кил.

– Мечот беше комплициран, поради повредените играчи во Вардар, но среќен сум што триумфиравме. Сите беа фокусирани во текот на мечот. Одигравме многу добро, среќен поради победата и бодовите важни за што повисок пласман во групата – вели тренерот на Веспрем, Давид Дејвис.

– Одигравме фантастично во нападот и одбраната, се надевам дека нашиот играч Тонесен е во најдобар ред (го напушти теренот поради повреда). Неверојатно е да се игра пред оваа публика. Му посакувам се најдобро на Вардар во иднина – се зборовите на Петар Ненадиќ кој реализираше 11 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот