ЛШ: Вардар немоќен пред „машината“ ВЕСПРЕМ!

фото:фејсбук

По вторпат сезонава Вардар загуби од Веспрем со 29:38 вечерва овојпат пред своите навивачи и остана на шестото место во групата „Б“’.

Двапати израмнуваа „црвено-црните“ преку Атман, но Унгарците секоја акција од почетокот на мечот ја користеа со погодок, па тоа резултираше со плус три и веќе (2:5) на семафорот.

Ненадиќ беше расположен со три стартни голови, Гедбан на истото незадоволително ниво како во изминатите натпревари, на што и стравуваше капитенот Стоилов пред мечот.

Ракометната „машина“ Веспрем само мелеше среде полните трибини во 10. минута (2:8) и веќе како веќе да се најавуваше победникот.

Во 14. минута Вардар го постигна само четвртиот гол на мечот преку Калараш, но никако не можеа да се запрат играчите на Веспре, особено нивните пивоти кои што беа пресилни за нашата одбрана.

Три минути подоцна Унгарците останаа без Штрлек кој доби црвен картон поради груб прекршок врз Шишкарев и данските арбитри го испратија Хрватот на трибините.

Вардар имаше двајца играчи повеќе на поле, но што вреди кога Ненадиќ веќе дојде до шестиот гол во 18. минута за 8:14.

Се стабилизираше предноста меѓу 5-6 негатива за европскиот шампион, на четири и пол минути Борозан го имаше првенецот за 13:19, веднаш возврати Скубе незгодно опасно по земја.

Уште едно лошо полувреме кое за жал повторно го добиваат противниците оваа сезона со 15:22.

Ништо не се промени во второто полувреме, во 43. минута Манасков асистираше до Мачковшек за недостижни 20:29.

Во 48. минута веќе беше и „двоцифрена“ предноста 23:33, веќе не беше важно, навивачите свесни за новиот пораз сепак ја даваа поддршката, тоа и го правеа на еден одличен начин, како што доликува.

Лига на шампиони, 10. коло

Вардар-Веспрем 29:38 (15:22)

Вардар: Гогов (4 одб.), Гедбан (2 одб.), Кизиќ (2 одб.), Атман 7, Чупиќ 4, Дибиров 3, Димитриоски 1, Горбок, Горпишин, Калараш 4, Криштопанс, Кукуловски, Шишкарев 3, Сикошек Пелко 3, Скубе 3, Стоилов 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот