Која е Мери Остин, вечната љубов на Фреди Меркјури?

фреди меркјури мери остин
Фото: Profimedia

Триесет години по неговата смрт Фреди Меркјури сè уште останува музичка легенда чии ноти, композиции и линии остануваат ненадминливи длабочини, неоспорливи вредности и недодефинирани префинети комплексности за секој кој го допрел музичкиот свет.

Но, неговиот приватен живот останува уште понеразрешена загатка, иако беше внимателно допрен во биографскиот филм. Необичен карактер, недоистражена сексуалност, контроверзна болест, но една нишка ги прати различните етапи низ неговиот животен век – ненадминливата вечна љубов која тој ја има кон Мери Остин до крајот на својот живот.

Која е Мери Остин?

Кога Фреди Меркјури првпат ја запознава Мери Остин, тој има 24 години, а таа 19. Тогаш никој од нив не може да замисли каква ќе биде иднината за нив, и како пар и поединечно како пријатели со длабока љубов еден кон друг. Нивната реална врска е разгледана во „Боемска рапсодија“, со Рами Малек како Меркјури и Луси Бојнтон во улогата на Остин.

„Сите мои љубовници ме прашаа зошто не можат да ја заменат Мери, но тоа е едноставно невозможно. Единствената пријателка што ја имам е Мери, а јас не сакам никој друг. За мене, таа беше моја обична сопруга. За мене тоа беше брак“, рече Меркјури еднаш за Остин.

Во најиконските моменти на Фреди

Кога Меркјури почина во 1991 година од бронхијална пневмонија поврзана со СИДА на 45-годишна возраст, Остин беше покрај него како и таа во поголемиот дел од неговиот возрасен живот.

Во еден момент од нивната врска тој ја замолил да се омажи за него, а кога умрел ѝ оставил половина од својот имот од 75 милиони долари, вклучувајќи го и лондонскиот замок со 28 соби во кој тој починал и во кој Остин живее до ден-денес.

Денес Остин живее мирен живот далеку од центарот на вниманието што често го доживуваше како дел од внатрешниот круг на Меркјури. Двојката живееше заедно во поголемиот дел од две децении, додека профилот на Меркјури како уметник не порасна и Квин станаа еден од најомилените рок бендови на дваесеттиот век. И токму поради успехот на „Bohemian Rhapsody“, Остин наводно ќе наследи повеќе од 50 милиони долари бидејќи таа сега поседува 75 отсто од неговиот имот.

Брзото заљубување на Меркјури и Остин

Меркјури и Остин се запознаваат во 1969 година, една година пред тој да го формира она што ќе стане „Queen“ заедно со Брајан Меј, Роџер Тејлор и на крајот Џон Дикон.

Меркјури, со вистинско име Фарок Булсара, е роден во Занзибар, Танзанија во 1946 година и се преселува во Англија со своите родители во 1960-тите. Остин е родена во 1951 година во сиромашно семејство во населбата Батерси во јужен Лондон. Нејзиниот татко работел како тример за тапети, а мајка ѝ домаќинка во една мала компанија. И двајцата нејзини родители биле глуви.

Прв пат во контакт со Фреди доаѓа за време на работењето во модната лондонска продавница за облека „Биба“ – тој штотуку го завршил уметничкиот колеџ и работел на штанд за облека во блискиот Кенсингтон. Остин првично се двоуми за постариот Фреди, но набрзо стануваат пар кој живее заедно во тесен стан додека тој работи на својата музичка кариера.

„Тој беше како никој што не сум го сретнала дотогаш. Тој беше многу самоуверен, а јас никогаш не сум билa сигурna. Пораснавме заедно. Ми се допадна – и од таму продолжи“, изјави Остин во 2000 година.

Се познаваат само неколку месеци, а потоа следното нешто – започнуваат да живеат заедно.

Неочекуваниот предлог за брак

Парот на крајот се сели во поголем стан во лондонскиот Холанд Роуд и во 1973 година, годината кога беше објавен истоимениот деби албум на „Queen“, Меркјури ја запросува да се омажи за него.

„Кога имав 23 години, тој ми подари голема кутија на Божиќ. Внатре имаше друга кутија, па друга и така продолжи. Тоа беше како една од неговите игриви игри. На крајот, најдов прекрасен прстен од жад во последната мала кутија“, изјави Остин во 2013 година.

Не разбирајќи што се случува, Остин го прашува Фреди на која рака треба да го стави. Тој одговорил лево и ја замолил да се омажи за него.

“Бев шокирана. Едноставно, не беше тоа што го очекував. Само шепнав: „Да.”

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Austin (@mary.austinmercury)

Во следните години, профилот на „Queen“ порасна со објавувањето на албумите „Sheer Heart Attack“ (1974) и „A Night at the Opera“ (1975), вториот ја содржи баладата напишана од Меркjури „Love of My Life“, наводно напишана за Остин.

Како што растеше славата на бендот, така растеше и славата на Меркјури. Неговата дива грива со коса, забната насмевка, ефектните костими и изведбите, заедно со неговиот возбудлив глас од речиси четири октави, ја тераат публиката да го гледа и следи бендот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Austin (@mary.austinmercury)

Остин верува дека е геј, а не бисексуалец

И дома работите не се средуваат. Шест години во нивната врска за брак повеќе не се разговара и Остин почнува да мисли дека нешто не е во ред, па одлучува да разговара за ова прашање со Меркјури.

„Му реков: „Нешто се случува и се чувствувам како јамка околу твојот врат. Мислам дека е време да одам“. Тој инсистираше на тоа дека ништо не е во ред“, се присетува Остин.

Таа се сеќава на заладувањето на односите после тоа, во исто време кога бендот започнува да доживува неверојатен успех.

Враќајќи се дома подоцна и подоцна повеќето ноќи, Остин мисли дека Меркјури има афера со друга жена. Но, во 1976 година, веќе меѓународна ѕвезда, тој реши да разговара со неа за своите сексуални чувства кои се развиваат.

„Никогаш нема да го заборавам тој момент. Бидејќи бев малку наивна, ми требаше време да ја сфатам вистината. Потоа, се чувствуваше добро што конечно ми кажа дека е бисексуалец. Иако се сеќавам дека тогаш му реков: „Не Фреди, не мислам дека си бисексуалец“. Мислам дека си геј.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Austin (@mary.austinmercury)

Разоткривањето става крај на нивната физичка врска и Остин се сели во блискиот стан купен за неа од страна на музичко-издавачката компанија на Меркјури. Сепак, таа останува дел од поширокиот круг на бендот.

„Таа тргна на пат со нив. Има фотографии од нив заедно зад сцената на концерти во доцните седумдесетти, на која фаза тие веќе не беа пар. Тој во сите намери и цели беше геј маж. Тоа е многу интересен дел од нивната приказна, тоа што живееле заедно како пар и таа верувала дека во еден момент ќе се венчаат, а потоа мора да се помири со фактот дека тој спиел со момци. И тие останаа толку добри пријатели толку долго после тоа. Таа остана како дел од придружбата на бендот затоа што беше дел од неговата придружба. Таа беше најважната личност во таа придружба“, вели биографот Блејк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Austin (@mary.austinmercury)

Остин беше покрај Меркјури до неговата смрт

Остин ќе биде сведок на животот на Меркјури кога продолжува да живее раскошен живот со неконтролиран вишок, постоење како богот на рок музиката поттикнато од злоупотреба на супстанции и рандом сексуални средби. Остин го избира својот пат – има два сина со сликарот Пирс Камерон: Ричард, на кој Меркјури му беше кум, и Џејми, роден непосредно по смртта на Меркјури. Иако никогаш не се омажила за Камерон, бракот со бизнисменот Ник Холфорд завршува со развод по пет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Austin (@mary.austinmercury)

Никогаш не отсутна долго од животот на Меркјури, Остин наводно работела за неговата компанија и била постојано присутна во годините пред неговата смрт. Кога на Меркјури му е дијагностициран ХИВ во 1987 година, немаше третман за вирусот, и тој почина од компликации поврзани со СИДА четири години подоцна, на 24 ноември 1991 година. Остин беше покрај него.

„Ја држеше блиску кога му се слоши. Фактот дека таа беше толку добро згрижена во тестаментот. Таа ја доби куќата и дел од издаваштвото. Тој всушност ѝ оставил многу како да ѝ остава на својата вдовица. Мери веројатно беше добра во тоа да го држи приземјен. Таа беше таму пред парите, пред славата и беше таму на крајот“, објаснува авторот Блејк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Austin (@mary.austinmercury)

За неговата смрт, Остин вели дека изгубила некого за кој мислела дека е нејзина вечна љубов.

„Кога умре, почувствував дека ќе се венчавме. Го направивме тоа за во добро или лошо, во богатство или сиромаштија, во болест или здравје. Никогаш не можеше да го оставиш Фреди освен ако не умре – па дури и тогаш беше тешко“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by carlo consoni (@carloconsoni)

Мери го поддржува Фреди во неговата одлука да ја задржи информацијата за неговата болест во тајност до кратко време пред неговата смрт. Тој исто така бара од неа неговата пепел да ја стави на приватна локација за никогаш да не биде откриена.

Тоа е ветување што таа го исполни, чекајќи две години по неговата смрт тајно да ја изнесе од куќата во која тој умре, куќата во која таа сè уште живее опкружена со истиот мебел избран од Фреди.

„Тој не сакаше некој да се обиде да го ископа, како што им се случи на некои познати луѓе. Фановите знаат да бидат длабоко опсесивни. Сакаше тоа да остане тајна и така и ќе остане“, изјави Остин, вечната љубов на Фреди Меркјури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот