Која е Албанката која се обидела да пренесе голема количина хашиш во Македонија?

Ериса Феро/ Фото Слободен печат

Полицијата од албанскиот град Поградец вчера соопшти дека биле уапсени три лица кои се обиделе да пренесат 58 килограми хашиш во Македонија. Како што велат од албанската полиција, меѓу уапсените се еден малолетник со иницијали М.К. и Ликенд Баша (30) од Круја, како и Ериса Феро (28) од Тирана.

Албанските медиуми пишуваат дека Ериса Феро е вработена во Националната агенција за информатичко општество. Тамошните портали пренесуваат дека Феро била обвинета за учество во манипулација на изборите од 25 април 2021 година, како и за местење на гласови во корист на кандидати од различни партии.

Имено, на 22 декември 2021 година, таа била осудена за незаконитост во Централната изборна комисија (ЦИК) заедно со уште 20-тина членови на комисијата. Феро била член на комисија за броење гласови во една изборна единица.

Како што пишуваат албанските медиуми, 28-годишната на социјалните мрежи често го покажува својот посебен и луксузен начин на живот.

Неколку часа откако откриле дека 28-годишната жена е уапсена, Агенцијата за информатичко општество на Албанија соопшти дека ја прекинува соработката со неа.

„По изјава на локалната полициска управа Корча, за финализирање на акцијата „Рестарт” со приведување на 3 граѓани, меѓу кои и г-ѓа Ериса Феро, АКШИ соопштува дека: „Врз основа на актуелното албанско законодавство, веднаш започна. постапката за разрешување на тоа лице. Госпоѓица. Ериса Феро, беше вработена во соодветниот сектор на е-Албанија, на ниво на специјалист. Националната служба на информатичкото општество го осудува секое незаконско постапување и гарантира дека секогаш ќе стои на процедурите на институциите кои постапуваат во полза на законот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот