Кој ќе биде новиот Џокер? На Хоакин Феникс му нудат вртоглава сума да сними уште две продолженија

Многу е веројатно дека Хоакин Феникс (45) ќе ја повтори својата маестрална улога на Џокер во уште две продолженија на филмот, со што би се комплетирала таа трилогија.

Наводно на актерот му биле понудени дури 50 милиони долари за двете продолженија.

Instagram

„Сè уште трае процесот на преговори, сценаријата се напишани, а Хоакин е многу заинтересиран. Планот на студиото е да се направат уште два филма во следните четири години, на кои би работел Феникс, како режисер повторно би бил Тод Филипс а продуцент Бредли Купер. Сепак, сè зависи од тоа дали Хоакин ќе ги прифати условите“, за „Mirror“ изјавува непознат извор.

На почетокот сметале дека е доволен само еден филм. Но, постигнатиот успех се чини дека ја принуди продукцијата и сите актери да размислат добро за идните проекти.

Хоакин Феникс со режисерот Тод Филипс на сет / Instagram

Оригиналниот филм заработил повеќе од милијарда долари од дистрибуција низ целиот свет, а бил снимен со релативно мал буџет.

Другата опција за која се дискутирало во круговите на филмската индустрија, е дека постои можност улогата на Џокер да ја толкува и Џим Кери. Доколку се случи тоа тој би се појавил во продолженијата како постара верзија на тажниот кловн.

Џим Кери / Instagram

Во тој случај, продолжението ќе прикаже различни верзии од карактерот на Џокер и периоди низ кои поминувал ликот.

Според ова сценарио, Џим Кери не би бил единствениот што би ја играл улогата на Џокер во продолженијата, туку само еден сегмент од неговиот живот.

Интересен е фактот што токму Џим Кери беше дел од последниот филм за Бетмен „Batman Forever“ во кој ја играше улогата на негативецот Рајдер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот