Кој е подготвен за судирот меѓу Азербејџан и Ерменија – Едната страна има драстично повеќе војници

Фото: EPA-EFE/AZERBAIJAN DEFENSE MINISTRY HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Сите параметри на воена способност и опременост покажуваат дека Азербејџан е подготвен за судирот со Ерменија кој изби заради областа Нагорно-Карабах.

Тоа го покажуваат податоците на сајтот „globalfirepower“.

Москва апелира за итен прекин на огнот во Нагорно Карабах

Во однос на луѓе, Ерменија има 1.696.085 подготвени, додека Азербејџан располага со дури 5.042.346 достапни луѓе за војување.

Ерменија има 45.000 активен воен персонал, а во резерва 200.000, додека Азербејџан има дури 126.000 активни војници и 300.000 во резерва.

И буџетите на двете армии покажуваат нерамномерност меѓу силите во конфликтот. Ерменија располага со 1.385.000.000 американски долари, додека буџетот на азербејџанската војска изнесува 2.805.000.000 долари.

Азербејџан има двојно повеќе авиони, 147 и 88 хеликоптери, додека Ерменија располага со 64 авиони и 37 хеликоптери. Ерменија има 110 борбени тенкови, а Азербејџан 570.

Судирите избија утринава меѓу ерменските и азербејџанските сили околу Нагорно-Карабах, областа во која мнозинство се Ерменци, а која прогласи оделување од Азербејџан во деведесеттите години.

Регионот Нагорно-Карабах соопшти дека во денешните судири со силите на Азербејџан загинале 16 нивни војници и дека се ранети повеќе од 100.

Се бројат мртвите во судирите меѓу Азербејџан и Ерменија: Загинаа 16 Ерменци, повредени се над 100

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот