Се бројат мртвите во судирите меѓу Азербејџан и Ерменија: Загинаа 16 Ерменци, повредени се над 100

Фото: EPA-EFE/MINISTRY OF DEFENCE OF ARMENIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Парламентот на Азербејџан и Владата на Ерменија денеска прогласија воена состојба во своите земји, а властите во Ереван и непризнатата Република Нагорно-Карабах, за која двата соседа и влегоа во вооружен судир , прогласија општа мобилизација и полициски час во неколку региони долж линијата на вооружениот конфликт, пренесоа британските медиуми.

Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, попладнево соопшти дека има мртви и ранети меѓу цивилното население и меѓу војниците, откако ерменските сили отворија оган долж линијата на раздвојување.

-Пукано беше од различни орудија, вклучително и оние со голем калибар, рече Алиев, наведувајќи дека „ова е уште една воена провокација на Ерменија” .Тој посочи дека Азербејџан нема да молчи за постапките на Ерменија.

Москва апелира за итен прекин на огнот во Нагорно Карабах

Лидерот на Нагорно-Карабах, Араик Артјунијан, соопшти дека е почната мобилизацијата на сите граѓани над 18 години и дека е прогласена воена состојба во земјата. Тој додаде дека од утринава во судирите со азербејџанските војници се убиени 16 војници и има над 100 ранети.

Утринава повторно дојде до судир меѓу ерменските и азербејџанските сили околу Нагорно Карабах, област со мнозинство Ерменци, која прогласи отцепување од Азербејџан во 90-тите години на минатиот век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот