Џорџо Армани / Фото: EPA

Кој е наследник на империјата на Армани?

Фондацијата „Џорџо Армани“ го објави назначувањето на Панталео дел Орко за свој нов претседател, со што официјално започнува преоден период во управувањето со луксузната модна империја, по смртта на познатиот италијански дизајнер на почетокот на септември. Дел Орко, кој беше долгогодишен пријател и најблизок соработник на Армани, ќе зазема клучна позиција во Фондацијата. Покрај него, Управниот одбор го сочинуваат банкарот од групацијата „Ротшилд“, Ирвинг Белоти, внукот на Армани, Андреа Камерана, нотарот Елена Теренги и адвокатот Андреа Силвестри.

Фондацијата, која Армани ја основаше и управуваше до неговата смрт, држи 30 проценти од правата на глас во модната куќа, а сега има одлучувачка улога во изборот на новиот извршен директор на „Армани“. Според одредбите од тестаментот на дизајнерот, на наследниците им беше наредено да продадат 15 проценти од акциите во групата. Приоритетни купувачи за овој дел од имотот се најголемите играчи во светот на луксузот, како што се LVMH, L’Oréal или Essilor Luxottica. Сепак, Фондацијата, во консултација со Del Orca, има дискреционо право да предложи друга компанија со „еднаков престиж“.

На крајот од процесот на транзиција, Фондацијата „Џорџо Армани“ ќе стане апсолутен сопственик на модниот гигант. Правата на глас ќе бидат јасно поделени: 40 проценти му припаѓаат на Панталео дел Орко, 30 проценти остануваат на Фондацијата „Армани“, додека преостанатите 15 проценти ги делат наследниците на Армани – внуката Силвана Армани и внукот Андреа Камерано.

Овој избор гарантира дека модната куќа „Армани“ останува под контрола на луѓето на кои нејзиниот основач најмногу им верувал – оние кои ја делеле неговата естетска визија, стил и деловна етика со децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот