Кои спортови се најризични, а кои најбезбедни од коронавирусот?

Tanjug/Zoran Žestić

За колективните спортови, се препорачува на натпреварувачите да се тестираат 48 часа пред секој натпревар, покрај другите мерки..

Министерството за спорт на италијанската влада и тамошниот Олимписки комитет објави една интересна студија. Во соработка со научни институции, составен е список на спортови по категорија на ризик од ширење на коронавирусот.

Италија е една од најпогодените земји за време на пандемијата, се почести се најавите за враќањето во спортовите и натпреварувањата, но воедно сериозно се гледаат сите можни последици. Обемната студија, која може да биде добар водич не само за Италијанците, туку за сите земји, подели дури 387 спортски дисциплини во ранг од нула до четири.

Така, спортови кои имаат нула ризик од ширење на заразата се едрењето, пливање на отворени води, голф и тенис. Практикувањето во овие спортови не нуди речиси никаква можност за ширење на инфекцијата, велат експертите.

twitter.com/tennisontelly

За тенисот се пропишани посебни правила за да се оправда нулта статус, на играчите им се советува да носат наочари и ракавици, секој тенисер да има свои топки на сервис и да се избегне ситуацијата двајцата играчи во исто време дојдат на мрежа.

Во категоријата нула и еден се единствено индивидуалните спортови, а на пример атлетиката е сместена во категоријата број 1.

Кога станува збор за колективните спортови, најнизок ризик од ширење на заразата има ватерполото, што е во категоријата број два.

Ватерполото се игра во хлорирана вода, што може да го оневозможи ширењето на вирусот – се вели во студијата.

фото: indiamart.com

Во спортските сали, контактот е почест, просторот е помал, а за одбојката е специфично, со играта на мрежа и натпреварувачите се многу блиски едни до други.

За колективните спортови, се препорачува на натпреварувачите да се тестираат 48 часа пред секој натпревар, покрај другите мерки, како што се носење маски на клупите за резервни играчи или дезинфекција на сите реквизити и простории.

Во најзагрозената, четврта категорија спортови се и сите боречки вештини. Фудбалот се наоѓа во категоријата три, додека во најлошата категорија број четири се кошарката, одбојката и ракометот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот