Кои симптоми укажуваат дека имате хернија (кила) и кога треба да се јавите на доктор?

one hospital

 Хернијата не поминува сама по себе. Наместо да го игнорирате ова прашање, подобро е да се консултирате со специјалист од областа на хирургијата за да го потврдите проблемот и да разговарате за вашите можности.

Дали чувствувате притисок, непријатност или болка во стомакот кога се напрегате или кревавте нешто тешко? Се сомневате дека имате хернија? – Вие не сте сами!

Хернијата или народски позната како кила, е многу честа состојба. Некои луѓе се чувствуваат засрамени од нивната состојба и избегнуваат да побараат медицинска помош. За жал, хернијата не поминува сама по себе. Наместо да го игнорирате ова прашање, подобро е да се консултирате со специјалист од областа на хирургијата за да го потврдите проблемот и да разговарате за вашите можности.

„Будно следење“

Понекогаш, хернијата е асимптоматска. Може да почувствувате испакнатина или нешто како да се движи внатре и надвор од мускулниот ѕид на абдоменот, но тоа не го попречува вашиот секојдневен живот.

Во ова сценарио, вашиот доктор може да препорача пристап „будно следење“, што значи дека тие ве следат наместо веднаш да ја третираат (оперативно) хернијата. Ако е тоа така, би требало да го контактирате вашиот доктор секогаш кога ќе забележите ненадејна промена на симптомите (на
пример, ако испакнатоста или грутката станува болна за допир).

Симптомите можат да влијаат на квалитетот на живот!

Дали имате непријатни симптоми на хернија, како што се болка, болна чувствителност во погодената област, промени во мокрењето или во навиките на празнење на дебелото црево или ограничувања на вашите секојдневни активности?

Нема причина да се живее со непрекината болка или други симптоми предизвикани од хернија. Денес, докторите можат да ја санираат хернијата користејќи минимално инвазивни техники. Развиени се нови техники и материјали за да се направи операцијата помалку инвазивна и закрепнувањето многу полесно отколку што беше порано. За да го минимизирате влијанието на хернијата врз вашиот живот, треба да договорите посета кај доктор специјалист кој најдобро ќе
ви ја објасни целата состојба и исто така ќе разговарате за третманот.

Дали вашата хернија бара итна медицинска помош?

Некои хернии се исклучително сериозни и бараат итна медицинска помош. Ако имате забележителна испакнатост или испакнувањето е придружено со гадење, повраќање, треска, болка или ако не сте во можност да имате нормално движење на дебелото црево, треба да се јавите на доктор што е можно побрзо.

Може да имате задушена или затворена хернија, што всушност значи дека дел од цревната вијуга се приклештила во абдоминалниот ѕид и го изгубила снабдувањето со крв. Цревата се изложени на ризик од смрт, а последиците се опасни по живот.

Во овие случаи, најверојатно ќе треба многу брзо да се реагира и хируршки да се третира хернијата.

Д-р Петре Кодовски, специјалист по општа хирургија
„One Hospital“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот