Евра / Фото: stockvault.net

Кои се најскапи градови во светот, а каде се живее со минимален буџет?

Генерално, трошоците за живот се повисоки во големите градови отколку во помалите градови и руралните средини, особено кога станува збор за кирија и домување. Уредниците на „Time Out“ анкетираат десетици илјади жители низ целиот свет секоја година за да состават листа на најдобри градови за живеење. Иако квалитетот на ноќниот живот, гастрономијата и културните понуди се важни фактори, пристапноста е подеднакво важна ставка при оценувањето на еден град.

Затоа, од локалните жители во повеќе од 100 градови беше побарано да оценат колку се прифатливи секојдневните активности, како што се одење во ресторан, во кино, во кафуле, во галерија или музеј, во театар или на стендап, на концерт, на пијалак во бар и на вечерно излегување. Врз основа на одговорите од оние кои рекле дека овие активности се евтини, бесплатни или прифатливи, податоците беа анализирани за да се добие слика за најскапите и најприфатливите градови за живеење, според луѓето кои всушност живеат во нив.

Со најнизок вкупен резултат за прифатливост, Сеул беше прогласен за најскап град на листата. Само 30 проценти од испитаниците во јужнокорејската престолнина сметаат дека одењето во ресторан е прифатливо, додека само 21 процент го кажаа истото за излегувањето навечер. Кога станува збор за пиење во бар, 27 проценти од жителите рекоа дека е евтино. Со најнизок вкупен резултат за прифатливост, Сеул беше прогласен за најскап град на листата.

Осло е исто така на листата на скапи градови. Норвешката престолнина веќе има репутација на град каде што излегувањето во ресторан е исклучително скапо, а податоците од анкетата го потврдуваат ова. Осло доби најнизок резултат за прифатливост за јадење надвор од сите анкетирани градови, бидејќи само 24 проценти од локалните жители го оценија таквото јадење надвор како финансиски прифатливо.

Меѓу скапите градови беа Лондон, Сиднеј и Лос Анџелес, кои се појавија и во овогодишниот извештај на „Хенли енд Партнерс“ за најскапите градови во светот. Лондон беше прогласен за најскап град за ноќно излегување, бидејќи само 16 проценти од испитаниците рекле дека е достапен.

Од друга страна, британската престолнина се издвои како еден од најзгодните градови за уживање во уметноста, бидејќи 83 проценти од Лондончани веруваат дека уметноста и културата во нивниот град се евтини или бесплатни. На спротивниот крај од скалата се два колумбиски града, Меделин и Богота, кои локалните жители ги оценија како најпогодни за живеење.

Според локалните жители, одењето во театар во Пекинг и Шангај не е голем трошок, што го потврдија 73 проценти од испитаниците во Пекинг и 72 проценти во Шангај. Единствениот американски град кој беше меѓу попристапните е Њу Орлеанс, кој е особено добро оценет кога станува збор за концерти во живо и пиење во барови.

Важно е да се напомене дека истражувањето на „Тајм аут“ се фокусираше исклучиво на трошоците за излегување и забави во градовите, без да се земат предвид трошоците за домување, кирија и намирници. Најскапите градови за живеење, според локалните жители, се Сеул, Истанбул, Осло, Стокхолм, Кјото, Атина, Сиднеј, Окленд, Минхен, Бризбејн, Лос Анџелес, Сингапур, Лондон, Ванкувер и Мајами- пишува Каматица.

Најпристапните градови за живеење, според истата анкета, се Меделин, Богота, Пекинг, Њу Орлеанс, Неапол, Ханој, Чианг Маи, Шангај, Лима, Џакарта, Јоханесбург, Бангкок, Абу Даби, Сантијаго и Кејптаун.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот