Кои се најпродаваните автомобили во Европа?
Продажбата на автомобили во Европа падна за 4,2 отсто во септември 2024 година. Ова е продолжение на трендот што трае веќе неколку месеци, а најмногу може да се припише на падот на интересот на клиентите за електрични автомобили. Но, и покрај ова, електричен модел беше најпродаваниот автомобил во Европа минатиот месец.
Препорачано
Според податоците собрани од Јато Динамикс и покрај падот на продажбата во индустријата, Тесла Model Y бил само 1 процент под минатогодишните бројки, доволно добро за првото место. По американскиот електричен СУВ следуваат конвенционалните модели: „рено клио“ на второто место, кое во септември дури го престигна „дачија сандеро“ и на третото и „фолксфаген тигуан“ на четвртото место.
Така, по еден месец пауза во август, „Тесла“ ја врати лидерската позиција во Европа и практично повторно се вклучи во трката против моделот „дачија сандеро“ за „трофејот“ најпродаван автомобил во Европа во 2024 година. Потсетуваме дека Model Y минатата година беше убедливо најпродаваниот автомобил во Европа, но оваа година се продава многу послабо, како речиси сите електрични автомобили.
Кога станува збор за марките, „фолксфаген“ успеа да го задржи првото место со вкупно 114.777 продадени возила, а по него е „тојота“ со 76.021 регистрирани возило, „шкода“ со 70.015 и БМВ со 65.128.


