Кои кошаркари имаат најголеми договори НБА, Леброн не е ниту во топ 10

epa08588672 Milwaukee Bucks forward Giannis Antetokounmpo of Greece reacts during the first half of the NBA basketball game between the Miami Heat and the Milwaukee Bucks at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 06 August 2020. The NBA season has restarted at the Walt Disney World sports complex outside Orlando, Florida. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумпо пред два дена го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА лигата, 228.2 милиони долари за пет години.

Најдобрите играчи во НБА лигата знаат како да го наплатата својот квалитет и со тоа да си обезбедат лагоден живот не само за себе туку и за своите внуци.

Платите во најквалитетната кошаркарска лига од година во година се сè поголеми, а со тоа се зголемуваат и договорите кои ги добиваат играчите и поради тоа на листата на десетте најскапи договори во историјата на НБА ги нема имињата на легендите како Мајкл Џордан, Коби Брајант, но и на Леброн Џејмс кој беше МВП на финалната серија.

Џордан и Брајант беа најдоброплатени играчи во НБА во своето време, но нивните договори се далеку од тие на актуелните играчи, додека Леброн Џејмс не се наоѓа на листата бидејќи пред две години потпиша четиригодишен договор тежок 153 милиини долари, а не петгодишен како што го прават сега кошаркарите кои се наоѓаат на листата.

Лидер на листата на кошаркари со најголеми договори е двојниот МВП на сезоната, Јанис Адетокумпо кој пред два дена потпиша петгодишен договор за неверојатни 228.2 милиони долари. Милвоки во 2013 година го избра Јанис на драфтот како 15. пик, а во последните две години е добитник на МВП наградата за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната. Минатата сезона имаше просек од 29.5 поени, 13 скокови и 5.6 асистенции по натпревар.

На второто место се наоѓа Расел Вестбрук кој пред почетокот на новата сезона е разменет во Вашингтон визардс. Вестбрук пред три години кога беше член на Оклахома сити потпиша петгодишен договор вреден 206.8 милиони долари.

Расел Вестбрук/twitter/NBA Fantasy

Третото место го зазема Стеф Кари кој во 2017 година потпиша договор вреден 201.2 милиони долари и го потврди проклетството на максималните договори. Кари беше првиот кошаркар кој потпиша договој кој му гарантира 40 милиони долари по сезона, но оттогаш постојано има проблеми со повредите.

Стеф Кари/twitter/Santa Cruz Warriors

На четвртото место се наоѓаат Ентони Дејвис и Клеј Томпсон кои оваа односно минатата година потпишаа договори вредни 189.9 милиони долари. Томпсон ја прошушти минатата сезона поради повреда на вкрстените лигаменти на коленото, а на подготовките за новата сезона ја повреди ахиловата тетива и повторно ќе паузира една година.

Дејвис е награден од страна на ЛА Лејкерс за освоената титула. Дејвис е еден од најдобрите кошаркари на денешницата, седум пати играше на Ол-стар натпреварите, четири пати беше во најдобрата петорка на лигата и два пати во дефанзивната петорка.

Прв кошаркар кој во историјата на НБА заработи повеќе од 30 милиони долари во една сезона е Мајкл Џордан и тоа во 1996/97 кога инкасира 30.140.000 долари. Колку за споредба, таа сезона на второто место на најплатени играчи беше Хорас Грент со 14.8 милиони долари.

ТОП 10 најголеми договори во историјата на НБА лигата:
1. Јанис Адетокумпо 228.2 милиони долари
2. Расел Вестбрук 206.8 милиони долари
3. Стеф Кари 201.2 милиони долари
4. Ентони Дејвис 189.9 милиони долари
4. Клеј Томпсон 189.9 милиони долари
6. Тобајас Херис 180 милиони долари
7. Крис Мидлтон 177.2 милиони долари
8. Бен Симонс 177.2 милиони долари
9. Пол Џорџ 176.3 милиони долари
10. Демиен Лилард 176.3 милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот