Кои ќе ни бидат ривали на ЕУРО 2020?

/Фото: РФМ

Ќе има шест групи од по четири репрезентации во Грац, Виена, Трондхајм (две групи), Малме и Гетеборг. Првопласираните две од секоја група од прелиминарната фаза ќе се најдат во главната рунда.

Можеби за нас „најдобро“ место би било во Австрија каде што и е најголема шансата да имаме што поголем број на навивачи на трибините.

Ако играме во Грац дефинитивно ривал ни е Хрватска, а ако ждрепката одлучи во Виена, тогаш силите ќе ги одмериме со Австријците.

Сигурно нема да играме во Норвешка, но можно е да се најдеме во еден од шведските градови, Малме или Гетеборг.

Сместени сме во вториот барабан заедно со Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија и Белорусија и овие селекции не можат да ни бидат противници во прелиминарната групна фаза.

Прв барабан: Шпанија, Шведска, Франција, Данска, Хрватска, Чешка

Втор барабан: Норвешка, Словенија, Германија, Македонија, Унгарија, Белорусија

Трет барабан: Австрија, Исланд, Црна Гора, Португалија, Швајцарија, Летонија

Четврти барабан: Полска, Русија, Србија, Украина, Босна и Херцеговина, Холандија

Ждрепката за групите на ЕУРО 2020 ќе се одржи денеска од 18.45 часот во Виена, Австрија. Извлекувањето во живо можете да го гледате ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот