Кога ќе ги внесете овие билки во домот, ќе внесете и здравје: Еве зошто ви се потребни!

Едно неодамнешно истражување покажало дека луѓето кои ги оплеменуваат своите домови со зелени растенија имаат подолг животен век од оние кои не го прават тоа.

Научниците велат дека големиот број на растенија во домот значи подобро здравје и посилен имунолошки систем.

Дозволен е било кој вид на растение – тука имате целосна слобода да ги одберете оние кои најмногу ви се допаѓаат, но единствениот услов е тие да бидат со зелена боја.

Во ова истражување учествувале повеќе стотици жени, а истото траело повеќе од 8 години.

Еве зошто е добро да одгледувате зелени растенија во домот:

– Вршејќи фотосинтеза, растенијата ослободуваат кислород и со тоа нѝ овозможуваат да дишеме. Иако користат кислород, тој процент е занемарлив за нашето дишење, а и во однос на тоа колку го произведуваат во текот на денот, можеме да кажеме дека е сосема безбедно да имате растение дури и во спалната соба.

– Нивната зелена боја има позитивно влијание врз психата на човекот.

– Покрај тоа што произведуваат кислород кој значи живот, растенијата го прочистуваат воздухот, ги апсорбираат штетните гасови, го балансираат нивото на влажност во воздухот и ја регулираат температурата на просторијата, односно летно време ја разладуваат додека во зимскиот период ја топлат.

– Влијаат на подобрување на здравјето и изгледот на кожата. Благодарение на нивното присуство, процесот на стареење значително се забавува.

– Присуството на растенија го поттикнува чувството на удобност кое директно влијае на концентрацијата.

– Докажано е дека тројно го намалуваат развојот на болести поврзани со респираторниот систем.

– Зелените растенија имаат моќ да го забрзаат процесот на лекување по тешка болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот