Kоалицијата падна, премиерката си оди – Данска пред нова политичка криза

Следуваат потенцијално тешки и долготрајни преговори меѓу партиите, кои треба да одлучат дали токму Фредериксен или друг политички лидер ќе ја формира новата влада.

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска поднесе оставка до кралот, откако нејзината трипартитна коалиција доживеа убедлив пораз на парламентарните избори, соопшти кралската палата, пренесе „АлЏезира“.

Следуваат потенцијално тешки и долготрајни преговори меѓу партиите, кои треба да одлучат дали токму Фредериксен или друг политички лидер ќе ја формира новата влада.

Фредериксен, која е на власт од 2019 година, во кампањата се обидуваше да ги убеди гласачите дека нејзиното искуство и лидерство се клучни за справување со сложените односи со американскиот претседател Доналд Трамп, како и со европскиот одговор на војната во Украина.

Сепак, според набљудувачите, таа се соочи со ниска излезност и кај левичарските и кај десничарските гласачи, кои најмногу ги загрижува инфлацијата.

На изборите, нејзината Социјалдемократска партија освои 38 пратенички места во данскиот парламент, Фолкетинг, што е значително помалку во споредба со 50-те мандати што ги имаше пред четири години.

Фредериксен победи на изборите во Данска, но мора да бара коалиции за влада

Данците плаќаат најскап леб во ЕУ, во некои земји цигарите поевтини од храната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот