Мете Фредериксен, премиерка на Данска/Фото: EPA-EFE/BO AMSTRUP DENMARK OUT

Фредериксен ќе мора да бараат нови партнери за нова влада – левичарската коалиција не освои доволно мандати

Централно-левичарската коалиција предводена од социјалдемократската премиерка Мете Фредериксен вчера победи на парламентарните избори во Данска, но не успеа да освои апсолутно мнозинство, според конечните резултати што ги потврдија анкетите од гласачките места објавени претходно, пренесува Гардијан.

Коалициската партија обезбеди 84 места од 179 во парламентот, според целосните резултати во метрополитенска Данска, на кои се очекува да се додаде едно место на Фарските Острови, додека десничарската алијанса останува на второто место со 77 .

Умерените, предводени од министерот за надворешни работи Ларс Леке Расмусен, обезбедија 14 места и затоа ќе играат одлучувачка улога во преговорите за составот на следната влада.

Анкета на телевизиската станица DR и компанијата Epinion му даде на левичарскиот блок 83 места, во споредба со 79 за десницата. Друга анкета на станицата TV2 и институтот Megafon предвидува дека левиот центар ќе обезбеди 86 места, а десницата 75.

Фредериксен, која е на власт од 2019 година, во последните месеци имаше корист од нејзиниот цврст став кон американскиот претседател Доналд Трамп за прашањето за Гренланд. Но, многу Данци негодуваат поради нејзиниот фокус на меѓународните работи и ја обвинуваат дека ги занемарува домашните прашања во услови на криза со трошоците за живот.

Во секој случај, Фредериксен ќе има тешкотии да формира влада и ќе има потреба од поддршка од десничарските партии или, евентуално, од четворицата пратеници од Гренланд и Фарските Острови, двете полуавтономни, прекуокеански територии на Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот