Насловна корица на книгата „Репертоарски калеидоскоп“ од Тодор Кузманов

Книгата „Репертоарски калеидоскоп“ од Тодор Кузманов ќе има промоција во Драмски театар Скопје

Промоцијата на книгата „Репертоарски калеидоскоп“ на истакнатиот театарски критичар и публицист Тодор Кузманов ќе се одржи на 21 мај (четврток), во 12 часот, во малата сала на Драмски театар Скопје.

Станува збор за значајно издание кое преку аналитички осврти, критички текстови и театарски записи отвора важни прашања за современиот театар, неговиот развој, естетика и општествено значење. Книгата претставува драгоцен придонес за театарската уметност и културната јавност, како и сведоштво за долгогодишната посветеност на авторот кон театарската критика.

Промотор на „Репертоарски калеидоскоп“ на авторот Тодор Кузманов ќе биде проф. д-р Иван Додовски кој во предговорот на книгата вели: „Ретки се авторите што со знаење и со долгогодишна истрајност го следат, го бележат и го анализираат театарскиот живот во Македонија. Меѓу тие ретки имиња е она на Тодор Кузманов, еминентен театарски критичар, публицист и есеист, кој работи неуморно, повеќе од четири децении на полето на критиката и театарската мисла во Македонија. Тој е автор на повеќе од илјада театрографски единици -критики, осврти, рецензии, статии, есеи, анализи, интервјуа, новинарски известувања, како и на неколку значајни монографии и книги без кои не може да се замисли истражувањето на историјата на драмата и на театарот на Македонија.“

Драмски театар Скопје ги поканува љубителите на театарот, културната јавност, медиумите и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на промоцијата на книгата „Репертоарски калеидоскоп“ каде што присутните ќе имаат можност да слушнат повеќе за процесот на создавање на книгата, за современите текови во театарската уметност, како и за значењето на театарската критика во културниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот