21.8 C
Скопје

Клубовите со ПЦР-тестови пред секој натпревар, РФМ и ФФМ ќе ги покријат сите трошоци

Спортот во нашата земја ќе продолжи, како и борбата против коронавирусот, но Владата на последната седница донесе одлука според која клубовите ќе мора да прават ПЦР тестови  пред секој натпревар.

– Согласно одлуката на Влада на Република С. Македонија објавена во Службен весник бр. 87 со датум 20.04.2021, Одлука за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритмки за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест ковид-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, во член 13 став 1 во точката 2 се менува и се додаваат зборовите: „Освен организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на гледачи/публика, исклучиво по наменски одобрени протоколи и по претходно извршено PCR тестирање пред одигрување на натпреварот од страна на клубовите“.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за наредното коло во Првата и Втората лига ќе ги покрие финансиски ПЦР тестовите наменети за клубовите од тие натпреварувања.

Ќе помогне и Ракометната федерација на Македонија (РФМ) која ги известува сите ракометни клубови учесници во Супер лига и Прва лига во машка конкуренција и Женска лига Скопско во сениорска категорија при систем на натпревари на РФМ ќе достави Rapid PCR тестови за детекција на заразната болест ковид-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2.

Тестирањето треба да се спроведе најрано 24 часа пред одигрување на натпреварот и резултатите заедно со формуларот веднаш да бидат доставени до Ракометната федерација на Македонија, но не подоцна од 10.00 часот на денот на одигрувањето на натпреварот.

Поврзани вести

Останаа уште само пет празни места во нокаут-фазата на Европското првенство

Слободен печат

ВИДЕО: Победа за Ериксен и осминафинале, Данска ја декласираше Русија во Копенхаген!

Слободен печат

ВИДЕО | И покрај забраната, на Стоунхенџ се собраа стотици ентузијасти

Слободен печат

Пандев: Им го отстапувам местото на помладите, треба повеќе вакви натпревари и повеќе искуство!

Слободен печат

Трстена: Така е во спортот, понекогаш не оди како што сакаме ние!

Слободен печат

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар