Бил Клинтон пред Конгресот за Епстин: Ништо не видов, не направив ништо лошо
Поранешниот претседател Бил Клинтон денеска сведочи пред членови на Конгресот кои го истражуваат осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, одговарајќи за своите врски со него пред повеќе од две децении, објави „Ројтерс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Ништо не видов и ништо погрешно не направив – изјави поранешниот демократски претседател во воведната изјава што ја објави на социјалните мрежи на почетокот на сослушувањето.
Затвореното сослушување во Чапаква, Њујорк, е првпат поранешен претседател да биде повикан да сведочи пред Конгресот.
Ова следува еден ден откако неговата сопруга, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, даде изјава пред пратениците, каде што изјави дека немала сознанија за тоа како Епстин сексуално злоупотребувал малолетни девојчиња и дека не се сеќава ни дека некогаш се сретнала со него.
Ниеден од Клинтонови не е обвинет за какво било незаконско дејствување.
Скандалот со Епстин добива нова димензија – Клинтон вовлечен во беља
Речиси два часа сме од почетокот на сведочењето на поранешниот претседател Бил Клинтон, вели новинарката на „Би-би-си“, Нада Тавик, која известува оттаму.
– Има неколку дополнителни новинарски екипи тука, но текот на денот е прилично сличен како вчера. Пред почетокот на сослушувањето слушнавме изјави и од републиканци и од демократи со нивните ставови, а ќе ги слушаме и во текот на денот. Потоа добивме копија од воведната изјава на Клинтон, исто како што вчера добивме од Хилари Клинтон. При крајот на своето обраќање тој ја предупреди комисијата дека честопати ќе ја користи фразата „не се сеќавам“ и призна дека тоа можеби ќе биде незадоволително – изјави таа.
И покрај тоа, додава Тавик, штотуку слушнавме од републиканската претставничка од Флорида, Ана Паулина Луна, која изгледаше прилично задоволна досега.
– Таа смета дека Клинтон е транспарентен и кооперативен. Исто така, изјави дека ќе побара од Комитетот за надзор да ги повика на сослушување жените наведени во договорот на Епстин за непрогонивање. Секој, што ги следел случајот со Епстин и кривичната пресуда на Гислејн Максвел, знае дека тие поседуваат вредни информации, можеби и многу повеќе од некои од моќните мажи кои биле поврзани со осудениот сексуален престапник, но не знаеле за неговите злосторства – вели новинарката.
Се наоѓаме во раните часови од ова сослушување а кога ќе заврши, вели таа, ќе видиме дали Бил Клинтон ќе им се обрати на камерите како што тоа го направи Хилари Клинтон или ќе ја пропушти таа можност.


