Скандалот со Епстин добива нова димензија – Клинтон вовлечен во беља
Претседателот на Одборот за надзор на Претставничкиот дом на САД, републиканецот Џејмс Коумер, денеска најави дека одборот има намера да организира разговор со поранешниот американски претседател Бил Клинтон во рамките на истрагата за врските на американски функционери со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, пренесе Блиц.
Препорачано
Комер изјави дека постојат јавни извештаи, сведоштва на преживеани и официјални документи кои укажуваат дека Клинтон бил „значително поблизок со Епстин“ отколку тогашниот претседател на САД Доналд Трамп.
„Работиме на тоа поранешниот претседател Клинтон да биде повикан на сослушување“, изјави Коумер.
Претставниците на Бил Клинтон не ја коментираа оваа иницијатива.
Одборот ја истражува постапката на американските федерални власти во врска со случајот на Епстин и досега објави десетици илјади страници документи, вклучувајќи и записи од неговото наследство.
Комер нагласи дека „доказите кои се собрани не го инкриминираат претседателот Трамп на никаков начин“.
Објавено писмо
Демократските членови на одборот објавија писмо кое, според нив, Трамп му го испратил на Епстин во 2003 година, пред обвинувањата за сексуално злоставување да станат јавни.
Белата куќа ја оспори автентичноста на писмото.
Демократите покренаа резолуција со која од Министерството за правда се бара да ги објави сите некласифицирани документи поврзани со Епстин.
Петицијата за разгледување на резолуцијата ја потпишале 217 членови, а новоизбраната конгресменка Аделита Гријалва од Аризона, која би била 218. потписник, сè уште не ја положила заклетвата, бидејќи Претставничкиот дом е надвор од заседање.


