КК Пелистер: Судиите директно влијаеја во конечниот резултат против Гостивар

фото: facebook/КК Пелистер АД Битола

Македонскиот вицешампион Пелистер ја започна кошаркарската сезона со пораз на гостувањето кај Гостивар (91:79).

КК Пелистер ја известува јавноста дека делегирањето на судиите на натпреварот од првото коло во шампионатот против КК Гостивар не кореспондира на епитетот дерби на колото.

– Со својот критериум судиите директно влијаеја на текот на натпреварот и конечниот резултат. Исто така апелираме да се преземат мерки кон многубројните неофицијални лица кои беа присутни во салата, иако натпреварот требаше да се игра пред празни трибини и без присуство на гледачи. Присутните не само што го следеа натпреварот, туку и навиваа и дофрлаа. Исто така отворено прашуваме зошто претседателот на КК Гостивар, кој е и претседател на Здружението на клубови, постојано ја навредуваше нашата екипа и претставници, што се случува по вторпат годинава. По сите овие постапки можеме да заклучиме дека КК Гостивар има свој проблем само со нашиот клуб – стои во соопштението на КК Пелистер.

Од клубот воедно информираат дека нивниот играч Донован Доналдсон сериозно се повреди на споменатиот меч и итно беше пренесен во битолската болница.

Евидентирано е кинење на тетивата и во денешните утрински часови веднаш кошаркарот беше подлегнат на оперативен зафат. Истиот помина во најдобар ред и кошаркарот го започна процесот на рехабилитација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот