Вицешампионот Пелистер поразен во Гостивар, ФМП го доби Кожуф

Фото: КК Гостивар/Фејсбук

Вицешампионот во кошаркарското првенство на Македонија вечерва забележа пораз на гостувањето кај Гостивар со 91:79.

Ако се погледне како се одвиваше натпреварот разликата можеше да биде и поголема, но на крајот сепак најважна е победата за домаќините. Со победата против вицешампионот Гостивар покажа дека ќе си има свои амбиции во ова првенство.

Имаше шанси Пелистер да ја стигне разликата, меѓутоа кога и посериозно да се доближеа Гостивар влегуваше во серија и повторно создаваше добра предност. На крајот може да се каже дека победата беше и заслужена. Овој натпревар се играше пред празни трибини.

Академија ФМП со 79:75 дојде до победа против Кожуф на стартот од новата сезона. Скоро во текот на целиот натпревар домаќините беа тие кои ја имаа предноста, првата четвртина ја добија со 21:16, а потоа беше полесно иако со разлика која не беше преголема сепак играа сигурно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот