Ќерката на Мајкл Џексон порасна во вистинска убавица: Овој совет од нејзиниот татко таа никогаш нема да го заборави!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Парис Џексон, ќерката на познатиот пејач Мајкл Џексон, порасна во вистинска убавица. Таа помина низ многу турбулентен период во животот, но сепак успеа да одолее на многуте предизвици и сега гради успешна музичка кариера.

Парис е родена во 1998 година, а уште оттогаш е во центарот на светското внимание поради славата на нејзиниот татко. Без татко остана кога имаше само 11 години, а мајка си Деби Роу ја запозна на дури 13 години и тврди дека тие денес имаат квалитетен однос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)


Од смртта на нејзиниот татко, нејзиниот живот целосно се промени. Таа неколку пати зборуваше за нивната врска. Тој и дал еден совет кој Парис сè уште многу добро го памети:

„Никогаш не заборавај! Доколку умрам утре, секогаш памети што сè сум ти кажувал“– со тага раскажа Парис.

Таа истакна дека добро го запаметила тој негов совет, а тој и кажал многу работи за светот на глумата и музиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

„Вежбавме заедно, имавме мало импровизирано снимање. Ќе ми кажеше, во оваа сцена ќе плачеш, а јас го правев тоа. Сакаше да ме воведе во светот на музиката и глумата“, се присети таа.

Парис повеќе пати се појавуваше во кампањата на Келвин Клајн, која беше нејзината отскочна даска за понатамошното занимавање со глума. Таа порасна во убава млада жена која има доволно пари да не работи ништо, но тоа не ја спречи да сака да ја изгради својата кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Нејзиното богатство се проценува на повеќе од 100 милиони долари, а кога ќе наполни 30 години ќе наследи третина од богатството на Џексон, а како што ќе старее, таа ќе добива се повеќе пари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот