Ќерката на Кејт Мидлтон или ќерката на Меган Маркл? Која внука ќе го наследи скапоцениот накит на принцезата Дијана

Како единствени внуки на починатата принцеза Дијана, токму тие ќе наследат и дел од нејзиниот накит, но едната од нив, сепак, е во предност, па се претпоставува дека се ќе оди во рацете на принцезата Шарлот, ќерката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Шестгодишната принцеза Шарлот најверојатно ќе го наследи најголемиот дел од накитот од богатата колекција накит на својата покојна баба Дијана, додека дел ќе добие и на нејзината четиримесечна братучетка Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор, новородената ќерка на принцот Хари и Меган Маркл. Како единствена внука на принцезата Дијана, која девојчињата немаа можност да ја запознаат, токму тие ќе ја имаат честа да го чуваат споменот на својата баба и тоа преку накитот и дијадемите што ќе ги носат кога ќе пораснат.

Добро упатени извори од палатата тврдат дека Шарлот ќе може да избере поединечни парчиња накит, но и дека неколку скапоцени парчиња се ставени настрана само за неа. Така, како што пишуваат британските медиуми, принцезата Шарлот штом ќе биде доволно возрасна за да ја носи, ќе ја наследи познатата тијара на Дијана, чија вредност е непроценлива.

Познатата дијадема Спенсер е најпознатото парче накит што принцезата Дајана го носеше на денот на нејзината венчавка во 1981 година, а потоа го носела неколкупати во различни прилики.

tportal

Фото: Профимедиа

А, иако некои медиуми повторно се обиделе да направат метеж и да ги скараат членовите на кралското семејство, со написите дека Шарлот на сите им е помила од Лилибет и дека тоа е причината зошто таа ќе го добие поголемиот дел, тоа е едноставно – лага. Причината е едноставна, а тоа е што Шарлот е постара од Лилибет, па затоа и има право на предност.

Според кралскиот протокол, членките на кралското семејство не смеат да носат дијадеми се до сопствената венчавка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот