Фото: Инстаграм

Трансродовата ќерка на Илон Маск „полуде“ откако дозна за неговото 14-то дете: „Нека го кастрира некој“

Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон Маск, се огласи на откако дозна за 14-тото дете на нејзиниот татко преку социјалните мрежи.

Милијардерот неодамна откри дека тој и неговата партнерка Шивон Зилис го добиле четвртото заедничко дете.

Таа истакна дека седум пати дознала за децата на нејзиниот татко преку интернет, што предизвика бурни реакции од нејзините следбеници.

@vivllainous #duet with @Vivian Jenna Wilson ♬ original sound – Sky

 

„Уште едно?“, „Некој го кастрира“, „Се обидува сè додека на едно од децата не го засака“, „Треба да претпоставиш дека секој пат кога ќе го провериш телефонот ќе се појави по некој брат или сестра“, „Постојано добива нови деца, но не се грижи за вас“, „Девојко, се надевам дека имаш одличен психијатар“, се дел од коментарите.

Инаку, Зилис пред неколку дена на платформата на Маск откри дека станале родители на син, кого го нарекле Селдон Ликургус. Маск одговори на нејзината објава, оставајќи ѝ емоџи со црвено срце во коментар. Оваа вест пристигна само неколку дена откако Маск беше тужен од жената која тврди дека го родила неговото 13-то дете.

Да потсетиме, 26-годишната писателка и конзервативна активистка Ешли Ст. Клер поднесе барање за единствено старателство над детето во Врховниот суд на Њујорк. Според американските медиуми, судот добил низа пораки меѓу Маск и Св. Клер како доказ. Во една од пораките, испратена во пресрет на победата на Доналд Трамп на претседателските избори, Маск ја нагласил потребата од дискреција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот