Дожд - Фото: Freepik

Ќе врне, па ќе престане: денеска ќе биде облачно, на некои планини ќе падне и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, пообилен во југоисточните региони, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

На повисоките планини ќе врне дожд и ќе паѓа снег.

Ќе дува умерен до засилен ветар од северозападен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветар.

Најниските утрински температури ќе изнесуваат од 1 до 9 степени, а максималните дневни температури ќе се движат меѓу 6 и 13 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот