Ќе учествуваат 60 боксери од 11 земји на „Златен гонг“

На „Златен гонг“ ќе настапат шест боксери од Македонија/фото: Агенција за млади и спорт

Една од најстарите спортски манифестации, меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг”, од 17 до 20 ноември ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

На прес конференцијата во Агенцијата за млади и спорт (АМС) беше најавено учество на вкупно 60 боксери од 11 земји.

Оваа долгогодишна боксерска манифестација овозможува подигање на боксот на едно повисоко ниво. Остварувањето на резултатите на младите македонски боксери во настапите на меѓународни натпревари укажува на враќање на боксот на старите добри патеки.

Овој турнир влегува во еден од трите најстари боксерски манифестации на стариот континент. Нашата држава ќе настапи со шест натпреварувачи, сите млади и надежни боксери, кои можеби не се звучни имиња, но се боксери со голем капацитет кој може да изненади.

Ваквите меѓународни спортски манифестации се можност за презентирање на квалитетот и утврдување на афинитетите кај младите боксери, а АМС е секогаш тука да ги поддржува ваквите традиционални спортски манифестации со целосен капацитет.

ФОТО | Голем успех: Оливера Наковска Бикова ѝ донесе злато на Македонија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот