ФОТО | Голем успех: Оливера Наковска Бикова ѝ донесе злато на Македонија!

Фото: Branimir Jovanovski/Фејсбук

Голем успех за македонскиот спорт оствари паролимпијката Оливера Наковска Бикова, станувајќи светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор.

Бикова во квалификациите оствари одличен резултат од 538 кој е и најдобар во нејзината кариера со што го освои второто место обезбедувајќи место во финалето.

Фото: Branimir Jovanovski/Фејсбук

Почетокот не најавуваше дека може да стигне до титулата, но со големата одлучност и борба Бикова се врати и значително ги подобри перформансите, па со изедначен рекорд во дисциплината влезе во финалето.

После првите пет истрели во финалето се најде на второто место, а по завршувањето на втората серија ја презема лидерската позиција и успеа да ја одбрани до самиот крај. Треба да се спомене дека финалето беше драматично и квалитетно.

Фото: Branimir Jovanovski/Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот