Весна Петрушевска / Фото: Инстаграм/Весна Петрушевска

„Ќе ѝ се посветам на Мина, која го носи мојот товар“: Весна Бејби откри зошто по 30 години ја затвори актерската школа

Весна Бејби Петрушевска ја шокираше јавноста со објавата дека по три децении работа ја затвора својата актерска школа, оставајќи зад себе значаен белег во едукацијата на млади таленти и развојот на сценската уметност.

Во емотивна објава, актерката и режисерка ја сподели одлуката која, како што вели, била една од најтешките во нејзиниот живот, додавајќи дека зад неа стојат години исполнети со работа, посветеност и бројни успеси.

„Овие денови ја донесов една од најтешките одлуки во мојот живот, а тоа е дека ја затворив ‘Актерска школа Весна Петрушевска’ по 30 години. Израснав генерации, снимавме серии, емисии, кратки филмови, играни филмови, претстави, последниот успех е дека од 2000 деца моите Надиа и Максим ќе бидат новите херои на ‘Светот на Биби’. Школа која имаше недостижен успех, критериум и посветеност.

Искрено, се изморив, се изморив и почувствував дека треба да се посветам на режија, на големи проекти вон Македонија, на љубов и насмевки, на мојата Мина која го носи мојот товар.

За тоа дали воопшто се почитува моето наследство што го оставив на илјадници деца ќе каже времето. Дали оваа работа се почитува кај нас? Големо не. Факт. Дали младите глумци имаат иднина кај нас? Исклучително тешко. На само 442 километри од тука се снима и се гине на сет. Тука работат и имаат шанси. Јас мојот долг кон Македонија, кон МНТ, ТВ, филм, продукција на формати и креирање одамна го реализирав. За 10 животи.

Време е за мојот живот и за почеток на големи приказни на кои искрено се радувам. Денес, по многу години, почнав да чувствувам ветар. Фала, благодарна за секој миг. Децата ќе си го најдат патот секако сами. Љубов и добрина ви посакувам“, напиша Петрушевска.

Нејзината актерска школа со години важеше за едно од најпрепознатливите места за едукација на млади актери во земјава, низ која поминале илјадници деца и млади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот