Фото: Фејсбук

Ќе се наградуваат најкреативните и најубаво украсени простори во Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека и годинава ќе се избира најубав празнично новогодишно украсен двор или простор во општината и ги повика сите жители да се вклучат и да учествуваат на објавениот јавен повик.

Најубаво новогодишно украсување! По повод новогодишните и Божиќните празници, Општина Гази Баба ги повикува сите жители да се вклучат и заеднички да го разубавиме просторот во кој живееме и работиме“, напиша Стефковски.

Сите жители можат да конкурираат со своите украсени дворови и тераси, но и со заедничкиот простор пред зграда, како и простор пред стопански субјект, градинки и основни училишта.

Пријавувањето ќе трае до 23 декември до 16 часот и може да се изврши телефонски на бројот 076 469 554, како и физички на општинскиот шалтер. Пријавата треба да содржи адреса на живеење и телефон за контакт.

Комисија од општината ќе ги посети пријавените локации на 25 декември по 17 часот, а како што соопшти градоначалникот ќе има награди за најкреативните и најубаво украсени простори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот