Ќе оди ли „курбан“ неделата-неработен ден? Груби дава поддршка

Артан Груби / Фото: Архива на „Слободен печат“

Првиот вицепремиер Артан Груби дава апсолутна поддршка за укинување на неделата како неработен ден.

Откако од Стопанската комора на Македонија, му беше поставено прашање за неговиот став и му беше предочено нивното инсистирање да се укине ова законско решение, тој рече дека со „недела неработен ден затајуваат процеси во државата“.

– Гледам дека е неопходно да се направат законски измени и затоа поддржувам, ќе се ангажирам да видиме со колегите во Владата, не се сите на исто мнение, како што не се „за“ и сите пратеници, но во оваа група секако дека имате поддржувачи – рече Груби.

СКСМ и пред усвојувањето на неработната недела бараше таа да биде укината, бидејќи има многу производствени гранки кои трпат штети од паузирањето во овој ден. Комората поднесе и иницијатива пред Уставен суд против овој закон, која два пати беше отфрлена.

„Слободен печат“ веќе пишуваше дека е можно зголемување на апетитите и на други индустрии, по сесрдното „пробивање на патот“ за 60 часовна работна недела за Коридорите 8 и 10Д.

Граѓанските активисти стравуваат дека секоја индустриска гранка ќе може да ги злоупотреби измените во Законот за работни односи, со тоа што ќе се правда дека нивното работење е од стратешко значење. Тие не веруваат дека власта ќе се држи до ветеното, оти во изминатиот период имаше неколку пробиви на опфатот за неработната недела.

Така, првичната благородна идеја, според Кристина Ампева, претседател на „Гласен текстилец“ создаде „еден Франкештајн закон со над 47 дејности кои може да работат, плус моловите“.

– Нема да дозволиме да се врати нешто кое го укинавме минатата година пред Уставен суд – реагираше неодамна Ампева.

Премолчено се проширува листата на отворени дуќани за работа во недела?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот