Ќе има ли „Златна топка“ и за најдобриот светски напаѓач Левандовски?

левандовски
Според многумина Роберт Левандовски заслужи да ја освои „Златната топка“, за најдобар фудбалер на светот/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Главниот уредник на „Франс Фудбал“, Паскал Фере, ги коментираше зборовите на Лионел Меси за време на неговата церемонија за „Златната топка“ во понеделникот.

Аргентинецот во својот говор кажа дека е правилно Роберт Левандовски да ја добие истата награда за минатата 2020 година.

Тогаш не се гласаше поради пандемијата на коронавирусот, а за фаворит важеше токму напаѓачот на Баерн.

– Она што го кажа Меси беше добро и паметно. Но, мислам дека не треба да носиме такви одлуки премногу брзо. Треба да се повикаме на историјата на „Златната топка“, која секогаш се засновала на процесот на гласање.

Не можеме да бидеме сигурни дека Левандовски ќе ја освоеше „Златната топка“ минатата година. Не можеме да знаеме со сигурност, бидејќи воопшто немало гласање. Но, искрено, Левандовски би имал одлични шанси за наградата – рече Фере.

Касиљас го крена гласот против Меси и „Златната топка“

Се огласи и Левандовски: Ја освоив наградата за најдобар напаѓач, но…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот