Кизиќ, Ојлески, Митревски и Младеновиќ се позитивните ракометари на корона

Ракометна репрезентација на Македонија/Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи кои денеска од 14.10 часот со чартер лет ќе патуваат за Дебрецин на настап Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Лазаров за првите два натпревари против Словенија (13 јануари) и Црна Гора (15 јануари) нема да може смета на четворица ракометари кои на вчерашното тестирање беа позитивни на ковид-19. Тоа се Марко Кизиќ, Никола Митревски, Гоце Ојлевски и Михајло Младеновиќ. Поради тоа, Лазаров беше принуден да повика двајца нови голмани, Градимир Чаневски и Благојче Трајковски.

Позитивните ракометари ќе останат во Скопје и по петтиот ден ќе мора да имаат два негативни тестови за да им се приклучат на репрезентативците во Дебрецин и евентуално да настапат на натпреварот од третото коло во групата А против Данска (17 јануари).

„Според протоколите од ЕХФ пропишани за ЕП, членовите на репрезентацијата имаа 3 задолжителни тестирања пред патување за Дебрецин и тоа  на 04, 07 и 10 јануари. При пристигнувањето во Дебрецен на 11-ти, има задолжително тестирање,  а во текот на натпреварите  имаме редовни тестирања пред натпреварите (ден пред да се игра), односно на 12, 14 и 16 јануари.

Доколку има позитивен  играч или член на стручниот дел  задолжителен карантин од 5 дена и приложување на 2 негативни теста, односно на 5-от и 6-от ден  (претходно беше 14 дена карантин, но истиот ЕХФ го намали на 5 дена). Да напоменам дека во кругот на репрезентацијата беа правени и дополнителни испитувања и контактите сведени на минимум (поради што натпреварите и тренинзите беа од затворен тип)“, вели докторот на репрезентацијата Тоше Вранишковски.

Список на ракометари за ЕП 2022
Голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
Леви бекови: Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови: Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски
Пивоти: Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила: Никола Костевски, Гоце Георгиевски
Селектор: Кирил Лазаров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот