Кирјос гази на мастерсот во Монтреал, го реши и Де Минор

Австралискиот тенисер Ник Кирјос/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Австралискиот тенисер Ник Кирјос во последните неколку месеци игра во животна форма, последна жртва му беше сонародникот Алекс де Минор кого го победи за само еден час игра со 6:2,6:3 и се пласира во четвртфиналето на турнирот од мастерс серијата 1000 во Монтреал.

Кирјос кој играше во финалето на Вимблдон минатиот месец, а пред една недела триумфира на турнирот во Вашнгтон, во претходното коло во Монтреал го елиминира првиот носител Данил Медведев. Победата над Де Минор му беше деветта по ред.

Следен противник ќе му биде Полјакот Хуберт Хуркач кој беше подобар од Алберт Рамос во три сета со 6:7,6:2,7:6.

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алиасим обезбеди пласман во четвртфиналето во Монтреал откако реалтивно лесно во два сета го победи Камерон Нори со 6:3,6:4 си закажа четвртфинална пресметка со Каспер Руд кој пак го совлада Роберто Баутиста Агут во три сета (6:7,7:6,6:4)

Младиот Британец Џек Дрејпер го оствари најдобриот резултат во кариерата, пласирајќи се на првото место во четвртфиналето на еден мастерс турнир. Дрејпер, кој претходно го победи Циципас, во осминафиналето беше подобар од Гаел Монфис кој го предаде мечот поради повреда.

Со одлични игри продолжува и Томи Пол, Американецот откако во второто коло го елиминира Карлос Алкараз, во осмиинафиналето го реши и Марин Чилиќ во два сета со 6:4,6:2. Нареден противник ќе му биде Ден Еванс кој пак беше подобар од Тејлор Фриц со 2:1 во сетови (7:6, 1:6, 7:5).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот