Кино на отворено и музичка програма утре во Градски парк по повод Денот на младите

Фото: Град Скопје

Во Градскиот парк утре ќе се одржи културно забавен настан по повод 12 август – Меѓународен ден на младите.

Настанот го организира Град Скопје во соработка со МКЦ и Универзална сала.

Програмата започнува во 20:30 часот со проекција на филмот „Сестри” од режисерката Дина Дума, а потоа следува музичка забава за младите со настап на DJ Marigo во 22 часот и настап на Zoki Bejbe vo 23:30 часот – се вели во соопштението.

Влезот на настанот е бесплатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот