Кинеските научници објаснија како: Болести што сами можете да ги откриете според вашите раце
Алцхајмерова болест, болести на срцето и на циркулаторниот систем, замастен црн дроб, па дури и остеопороза – сите овие болести можат да ги загрозат луѓето со вишок масно ткиво на рацете. Инаку, циркулаторен систем е системот кој овозможува постојано кружење на крвта во нашето тело.
Препорачано
До овој заклучок дојдоа научниците од Кина. Резултатите од истражувањето ги објави британскиот весник „Дејли мејл“.
Студијата е спроведена на Универзитетот „Сичуан“, а во неа учествувале повеќе од 412.000 луѓе. Научниците девет години ги анализирале нивните здравствени показатели.
Проценети се нивниот обем на половината и колковите, обемот на рацете, мускулната маса и вкупниот процент на масно ткиво. Како резултат на тоа, се покажало дека ризикот од развој на Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, болести на срцето и крвните садови е за 13 отсто поголем кај луѓето што имаат вишок масно ткиво во пределот на стомакот.
Меѓутоа, кај луѓето со големо количество масно ткиво на рацете, ризикот од развој на истите болести се зголемил на 18 отсто.
Обемот на рацето можете лесно да го измерите сами. Земете метро за кроење и пронајдете ја средната точка помеѓу рамото и лактот. Ако обемот на раката надминува 32 сантиметри, личноста веројатно е дебела. Инаку, дебелината го зголемува ризикот од мозочен удар за 64 отсто.


