Кинески студент жртва на „сајбер-киднапирање“ во САД: Полицијата го нашла жив во шатор во Јута

Кинески студент жртва на „сајбер-киднапирање“ во САД / Фото Полицијата на Ривердејл

Кинески студент кој бил на размена во САД е пронајден замрзнат, но жив откако неговите родители платиле десетици илјади долари во лажна изнуда и „сајбер-киднапирање“. Каи Жуанг е пронајден во шатор во рурална Јута, соопшти полицијата.

Се верува дека 17-годишникот се изолирал откако бил изманипулиран од киднаперите. Неговите родители биле измамени да платат околу 80.000 долари, пишува Би-Би-Си.

Жуанг е само еден од странските студенти кои неодамна беа мета на таканаречените сајбер киднапери во САД. Полицијата верува дека Жуанг бил контролиран од неговите киднапери уште на 20 декември, кога полицајците во Прово, Јута, го виделе како носи опрема за кампување.

Полициските службеници го договориле неговото враќање во Ривердејл – каде што живеел со семејство домаќин – поради загриженост за неговата безбедност. Сепак, тој тогаш не спомнал закани.

Потоа, на 28 декември била контактирана полицијата од училиштето во кое тој учел, а тоа било предупредено од неговите родители во Кина. Родителите на Жуанг им рекле на училишните службеници дека добиле барање за откуп и фотографија од нивниот син на која се гледа дека е киднапиран.

Според полицијата, сторителите на сајбер киднапирања ги мамат своите жртви да се изолираат, па дури и да се фотографираат за да изгледаат како да се држени во заробеништво – и покрај тоа што киднаперите не биле присутни. Наместо тоа, жртвите се следат преку Фејстајм или Скајп.

И жртвите и нивните семејства се убедени дека ќе бидат повредени доколку не ги почитуваат упатствата на киднаперот. Но, и покрај тоа што киднаперите не биле со Жуанг, полицијата во Јута сè уште се плашела за неговата безбедност, објаснувајќи дека декемвриските температури носат ризик од смрзнување во текот на ноќта.

Жуанг на крајот беше пронајден во неделата на околу 40 километри северно од Ривердејл, во шатор без извор на топлина. Имал ограничено количество храна и вода, топло ќебе и вреќа за спиење – како и неколку мобилни телефони за кои полицијата се сомнева дека биле користени во киднапирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот