Кина издаде листа со животни кои може да се одгледуваат за месо – еве што има во неа

Unsplash/Zheng Xing

Кинеската влада поради епидемијата од корона вирусот идздаде нова листа со животни кои би можеле да се најдат на трпезата како месо за исхрана, пренесува „Си Ен Ен“.

Министерството за земјоделство во Кина одреди прелиминарна лизта со животни кои се сметаат за прифатливи за одгледување заради месо и негова употреба во исхраната.

Unsplash/Markus Winkler

На оваа листа се најдоа свињи, крави, кокошки и овци, како и „посебен вид на стока“ како што се некои видови на елени, лами и ноеви. На списокот се најдоа и два вида лисици, ракуни и куни кои нема да се користат во изхраната туку за други потреби.

На листата не се најдоа сите оние видови на животни за кои научниците сметаат дека го пренеле корона вирусот на луѓето, како што се панголин, лилјаци и цибет.

Исто така на новата листа нема ни кучиња, а со усвојувањето на оваа одредба би можело да се означи и победа на активистите за заштита на животни кои се сметаат за домашни миленици.

Пекинг привремено забрани трговија со месо од диви животни по избувнувањето на епидемијата од корона вирус, а допрва се очекува и доформулирање на ново законско решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот