Фото: EPA/ALEX PLAVEVSKI

Кими Антонели стана првиот Италијанец кој победил на трка во Формула 1 од 2006 година

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, славеше во трката за Големата награда на Кина во Формула 1 шампионатот, што е негова прва победа во кариерата на Италијанецот.

Со триумфот на патеката во Шангај, Антонели стана првиот Италијанец кој победил на трка во Формула 1 од 2006 година. Пред 20 години, последната победа на Италијанците им ја донесе возачот на Рено, Џанкарло Физикела, на Големата награда на Малезија.

Со 19 години, шест месеци и 18 дена, Антонели стана вториот најмлад победник во трка во Формула 1, рекорд кој сè уште го држи возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој победи во 2016 година на возраст од 18 години и 228 дена.

Колегата на Антонели, Џорџ Расел, заврши на второто место, додека возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заврши како трет.

Хамилтон, седумкратниот светски шампион, со тоа го постигна својот прв подиум во Ферари на голема трка, со што ја прекина серијата без подиум од Големата награда на Лас Вегас во 2024 година.

Тимскиот колега на Хамилтон, Шарл Леклер, го освои четвртото место, возачот на Хаас, Оливер Берман, заврши петти, а возачот на Алпин, Пјер Гасли, се најде на шестата позиција.

Лиам Лосон (Рејсинг Булс), Исак Хајар (Ред Бул), Карлос Саинц (Вилијамс) и Франко Колапинто (Алпин), исто така, освоија бодови.

По два тркачки викенди, Расел води во генералниот пласман со 51 бод, Антонели е на второто место со 47, Леклер е третопласиран со 34, а Хамилтон е на четвртото место со 33.

Следната трка во Ф1 шампионатот е Големата награда на Јапонија на 29 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот