Ким Џонг Ун со ќерката Ким Џу-ае и сопругата Ри Сол Џу/Фото: STR / AFP / Profimedia

Ким Џонг Ун ќе ја именува ќерка си за свој наследник

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја избра својата ќерка, тинејџерка Ким Џу Ае за свој наследник и следен лидер на земјата, објави денеска Националната разузнавачка служба (НИС) на Јужна Кореја, пренесува Еј-би-си њуз.

Гласините за наследник беа масовна појава неодамна, бидејќи младата Ким Џу Ае често се појавуваше покрај својот татко, придружувајќи го на високи официјални настани, вклучувајќи ја и посетата на Пекинг во септември – нејзиното прво познато патување во странство.

Ќерката на Ким Џонг Ун за првпат во официјална посета на семејниот мавзолеј – Слободен печат

Џу Ае е единственото познато дете на Ким Џонг Ун и неговата сопруга Ри Сол Џу.

НИС верува дека Ким Џонг Ун има постар син, но овој син никогаш не е идентификуван ниту претставен во севернокорејските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот