Кило кромид е 90 денари затоа што побарувачката е поголема од понудата, објасни Ангелоски од ССК

Архива на СП

Претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Трајан Ангелоски, денеска изјави дека секое замрзнување на цените има позитивни и негативни последици.

„Ако Владата смета дека треба да воведе ваква мерка, најубаво е и да објасни каква и е идејата и што сака да постигне, рече тој, додавајќи дека преферира слободен пазар.

-На 8 септември 1991 година граѓаните на државава гласаа за независност, за слободна економија, за слободен пазар. Слободниот пазар е одлика и придобивка на таа независност и ние генерално преферираме слободен економски пазар, но Владата има свој делокруг на делување и доколку така смета, најубаво треба да објасни каква и е идејата, што сака да постигне, дали е тоа од времен карактер, колку време би траело, изјави претседателот на Сојузот пред работната средба со главниот извршен директор на Македонска берза АД Иван Штериев.

На новинарско прашање како е можно килограм кромид да чини 90 денари, Ангелоски објасни дека причината е веројатно во големата побарувачка на сметка на понудата (што е причина за секое поскапување на сите производи, секогаш).

-Имаме добиено десетина барања од европски компании за откуп на кромид од земјава. Дефинитивно постои недостиг на овој производ на европскиот пазар. Претпоставувам дека тоа е причината за вака високата цена. Живееме во реален свет. Ако има поголема побарувачка од понуда, секогаш цените растат, рече претседателот на ССК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот