Кикбоксерот Ѓорѓиев подготвен за професионалното деби: Се надевам на победа

Димитар Ѓорѓиев ќе ги одмери силите против Босанецот Никола Дробњак/Фото: facebook.com/dimitargjorgjievkbkpunev

Најдобриот македонски кикбоксер кој е трикратен светски шампион и европски шампион од 2018 година, Димитар Ѓорѓиев, утревечер ќе дебитира во професионалните води во дисциплината лоу-кик дисциплина, до 81,4 килограми.

Борбата ќе се одржи во Зворник, Босна и Херцегонија, а противник на Ѓорѓиев ќе му биде домашниот кикбоксер Никола Дробњак. Според пропозициите борбата ќе биде во пет рунди од по три минути.  Ѓорѓиев и Дробњак досега два пати се бореле во аматерска конкуренција и резултатот е нерешен.

– Досега се натпреварував само на аматерско ниво, ова е моја прва професионална борба и прва шанса за професионална победа и се надевам дека ќе победам. Мислам дека ќе прикажеме одлична борба за публиката што е најважно, да има квалитетен меч, а судиите на крајот ќе го прогласат победникот. Првиот пат против него загубив, вториот пат победив пред шест месеци, па затоа ова сега ќе биде финале меѓу нас – рече Ѓорѓиев.

Настанот во Зворник почнува утревечер во 20 часот, а борбата меѓу Ѓорѓиев и Дробњак треба да започне околу 22.30 часот. Во шестата борба ќе настапи и вториот Македонец, сотимецот на Ѓорѓиев од клубот Адора Работнички, Бобан Илиоски, во дисциплината К-1, до 83,4 килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот