Кијану Ривс доби понуда за брак од обожавателка, а неговиот одговор ги насмеа присутните

Фото: Принтсктин-Инстаграм

Холивудскиот актер Кијану Ривс добил предлог за брак од обожавателка, по премиерата на неговиот нов филм „Џон Вик 4“ во Тексас. 58-годишниот актер откри дека решил да ги задржи венчалниот прстен и часовникот со неговиот лик како спомен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Wick: Chapter 4 (@johnwickmovie)

„Ќе се омажам за тебе“, му порачала обожавателка на актерот.

Актерот кој никогаш досега не бил оженет ѝ одговорил:

„Да, внимавај што посакуваш“, а со својот одговор ги насмеал присутните.

Кијану Ривс моментално е во врска со уметницата Александра Грант. Пред врската со Александра, актерот доживеа голема тарума во 90-тите, кога беше во емотивна врска со актерката Џенифер Сајм, која се прослави со улогите во филмовите на Дејвид Линч. Двојката почнала да се забавува во 1999 година, а таа забременила истата година, но го изгубила бебето во осмиот месец од бременоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Wick: Chapter 4 (@johnwickmovie)


Загубата ги раздели и тие ја прекинаа врската само неколку недели откако ја погребаа ќерката во јануари 2000 година. Две години потоа, Џенифер Сајм почина во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес.

„Тагата ја менува формата, но никогаш не завршува. Луѓето имаат погрешно верување дека можеш да се справиш со неа и дека во еден миг велиш дека ја нема и сега се чувствуваш подобро. Тие грешат. Кога луѓето што ги сакаш умираат, ти си оставен сам“, рекол Кијану во интервју за Парад во 2006 година.

Ривс е познат како најголемиот добротвор на Холивуд со оглед на тоа што голем дел од својата заработка ја донира во хуманитарни цели. Актерот често се дружи со бездомниците и е љубезен и трпелив кога се среќава со своите многубројни обожаватели.

ФОТО | Кијану Ривс реагира на молекулата која е именувана по него

Му упаѓа дома и тврди дека му е роднина: Демнач не му дава мир на Кијану Ривс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот