Му упаѓа дома и тврди дека му е роднина: Демнач не му дава мир на Кијану Ривс

На холивудскиот актер Кијану Ривс му е одобрено барањето за „забрана за доближување“ за извесен Брајан Кејт Диксон, кој тврди дека е во роднинска врска со Кијану, објави „Њујорк пост“.
Ѕвездата на блокбастерот „The Matrix“ тврди дека демначот ги вознемирувал него и неговата партнерка Александра Грант со месеци.
Триесет и осум годишниот маж бил приведен на испрашување, а е обвинет за упад на 5,6 милионскиот имот на актерот дури 6 пати во период од 5 ноември до 20 јануари. Според докумнетите поднесени во судот, Диксон се обидел да воспостави контакт со актерот при секое упаѓање во неговиот дом.
Работите стигнале дотаму што Кијану морал да ангажира тим за приватно обезбедување и истрага за да го фатат натрапникот.
Во меѓувреме, Диксон неколкупати објавувал бизарни постови на социјалните мрежи каде тврдел дека е во крвно сродство со актерот, именувајќи се себе како „Џаспер Кејт Ривс“.
Според ТМЗ, при еден од упадите Диксон наводно оставил ранец во кој имало ДНК-тест, со кој сакал да ја докаже својата крвна поврзаност со актерот, што пак, Кијану го демантирал и тврди дека не е вистина.
Инаку ова не е првпат актерот да побара ваква мерка против некого. Во 2014 година на 50-годишната Кери Кулен Раус ѝ била изречена казна „забрана за доближување“, кога била пронајдена како плива во базенот во неговата куќа.