Кичеец се спогоди со Обвинителството, доби шест месеци затвор за сообраќајката во која загина човек

Зоран Милевски Кичеец нема предвреме да излезе од затвор/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Зоран Милески-Кичеец се спогодил со Обвинителството за сообраќајката која ја предизвика во близина на Стража, во која загина 34-годишен гостиварец, и за случајот ќе одлежи шест месеци затвор, објави А1он.

Спогодбата која Милески ја склучил со Обвинителството била прифатена од надлежниот суд. Од Обвинителството за „А1он“ велат дека е констатирано дека тој претекнувал возила на полна лента, за што признал вина и изразил жалење за кривичното дело. Токму ова е олеснителната околност поради која е склучена спогодбата.

„Од резултатите на извршените вештачења произлезе дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Имајќи ги предвид сите утврдени околности, надлежниот јавен обвинител констатираше дека осомничениот го сторил делото од небрежност и дека во конкретниот случај се исполнети елементите на кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Претходно, Милески-Кичеец барал и условна казна преку спогодба, која не му била прифатена.

„Надлежниот јавен обвинител го одби ваквиот предлог, па имајќи ги предвид сите околности во предметот и судската пракса на Основниот суд Гостивар“, додаваат од Обвинителството.

Милески сообраќајката ја предизвика додека беше на отсуство од одлежувањето на затворска казна, на која е осуден во случајот „Рекет“. Јавноста за отсуството на Кичеец дозна дури откако се откри дека тој е вмешан во тешката сообраќајна несреќа, кога Управата за извршување санкции соопшти дека тој е пуштен поради лекарски прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот