Кичеец бил на 30-дневно отсуство од затвор поради лекарски прегледи

Зоран Милевски Кичеец нема предвреме да излезе од затвор/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Зоран Милески–Кичеец, кој издржува затворска казна за случајот „Рекет” во затворот во Струга, а попладнево беше еден од учесниците во тешката сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар, користел 30-дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи, велат од од Управата за извршување на санкции.

Во сообраќајната несреќа едно лице загина, а седуммина се повредени, од кои четворица потешко, поради што се пренесени на лекување во Клиничкиот Центар во Скопје.

-Со одлука на Управата за извршување санкции, лицето Зоран Милески користи 30-дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи. Определеното време за медицински испитувања е од 08.08 до 08.09, се вели во одговорот од Управата.

Милески казната затвор ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга.

-Тој веќе има издржано повеќе од половина од затворската казна и до 08.09 треба да се врати на доиздржување на затворската казна, додаваат од Управата за извршување санкции.

Милески призна вина за случајот „Рекет”, во кој се осудени и Катица Јанева и Бојан Јовановски, и спогодбено доби најниска затворска казна. Тој е осуден на три години затвор, откако во декември 2019 година го призна делото за случајот „Рекет” – примање награда за противзаконито влијание.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот